Достапни линкови

Италија и Франција бараат заострување на шенгенскиот режим


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони и францускиот претседател Николас Саркози повикаа на заострување на безвизниот режим на Европската унија поради приливот на илјадници имигранти од Северна Африка. Берлускони изјави дека со Саркози се согласиле дека Шенгенскиот договор може да се менува во „исклучителни околности“. Саркози рече дека Франција и Италија испратиле заеднички допис до Европската унија преку кој се бара реформирање на шенгенскиот договор. Повеќе од 25,000 имигранти, повеќемината од Тунис, годинава пристигнаа во јужниот дел на Италија, бегајки од немирите во северот на Африка.
XS
SM
MD
LG