Достапни линкови

Медведев: Транспарентноста е лекција од Чернобил


Димитриј Медведев и Виктор Јанукович на церемонијата во Чернобил

Димитриј Медведев и Виктор Јанукович на церемонијата во Чернобил

Украинскиот претседател Виктор Јанукович и рускиот претседател Димитриј Медведев денеска присуствуваа на церемонија во Чернобил за одбележување на 25 годишнината од најголемата нуклеарна несреќа во човековата историја. На 26 април 1986 година експлодираше еден од реакторите во нуклеарката. Тогашните советски власти неколку дена го прикриваа настанот. Медведев рече дека една од лекциите од Чернобил е потрребата транспарентност. „Задача на државните институции е да ја кажуваат вистината. Мора да признаеме дека државата не секогаш реагираше како што треба. За да се избегнат вакви трагедии треба секогаш да ја кажуваме вистината.“ рече рускиот претседател.
XS
SM
MD
LG