Достапни линкови

Спорот за името меѓу изборните циклуси во Македонија и Грција


Поддржувачите на Нова Демократија на митинг во Атина
Поддржувачите на Нова Демократија на митинг во Атина
Одржувањето предвремни парламентрни избори во Грција нема важно влијание врз иднината на дебатата која се води меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, бидејќи ставовите на двете држави подолго време остануваат битно непроменети. Но,
Изборите се изговор којшто 17-18 години двете страни го употребуваат. Ништо битно не се менува, затоа што ставовите на двете држави се горе – долу јасни
ситуацијата станува поусложнета од дрги причини. За разлика од почетокот, во преговорите сега се внесени нови елемнти кои се однесуваат не само за дефиниарње на името туку и за дефинирање на идентитетот вели проф Денко Малевски, кој не се надева на брзо решавање. Според него тоа е посеризен проблем, за кој ни е потребно домашно внатрешно единство.

„Изборите имаат некакво значење, но како што знаете во сите демократски држави на секоја година – две имате избори, парламентарни, локални, претседателски. Тоа е изговор кој што 17-18 години двете страни го употребуваат. Ништо битно не се менува, затоа што ставовите на двете држави се горе – долу јасни.“

Сепак аналитичарот Мерсал Биљали смета дека со предвремените избори има шанси да се изгуби уште една година од преговорите односно дека се намалуваат позициите во однос на прифаќање на иден договор

„Се поблиску во реалноста е тоа што го констатиравме порано, дека кога ние ќе имаме желба, тогаш Грците нема да имаат објективна состојба да прифатат таков договор. Така што, се намалуваат можностите на власта за прифаќање на таков договор. Тоа значи дека има
Се поблиску во реалноста е тоа што го констатиравме порано, дека кога ние ќе имаме желба, тогаш Грците нема да имаат објективна состојба да прифатат таков договор
шанса да се загуби уште една година во овој процес.“

Од Букурешт наваму Македонија ја плаќа цената поради спорот со името со Грција. Сега што и да преземеме останува на ниво на еднострано ангажирање да се реши проблемот,смета анлалитичарот Мерсал Биљали . Исто така големите сили не се спремни да бидат загозени интересите на Грција во однос на прашањето за името, а максимумот кој може да се постигне е мегународната заедница да помогне во барање решение што ке биде прифатливо за двете страни, но иницијатива за тоа е потребна од наша страна вели Малевски

„Дури повеќе отколку од грчка страна. Затоа што Грците со ветото во џеб по НАТО и блокадата во ЕУ сметаат дека можат да чекаат. Ние мислам дека не можеме да чекаме и мора сериозно да работиме со големите сили во настојување да извојуваме добар, поволен компромис за Репулбика Македонија.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG