Достапни линкови

Ватикан повика на формирање Палестинска држава


Папата Бенедикт 16 кој денеска пристигна во Израел во рамките на неговата турнеа на Блискиот Исток повика на формирање палестинска држава како дел од решението на израелско палестинскиот конфликт. Ватикан е за постоење две држави решение на кое му се противи новата израелска влада и покрај проитисокот од Вашингтон и сојузниците. Во Израел тој ќе ги посети светите места на христијаните, евреите и муслиманите. Се очекува Бенедикт 16 да упати порака за дијалог меѓу религиите и мир на Блискиот исток.
XS
SM
MD
LG