Достапни линкови

700 милитанти убиени во офанзивата во Пакистан


Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик изјави дека во воената офанзива во изминативе 4 дена на северозападот биле убиени речиси 700 милитанти. Се јавува дека илјадници цивили ја напуштиле долината Сват кон побезбедните делови на северо-западот на Пакистан. Обединетите Нации соопштија дека во камповите се регистрирани 360 илјади бегалци. Пакистанските сили во четвртокот започнаа воената офанзива откако талибанците го прекршија контроверзниот мировен договор во долината Сват.
XS
SM
MD
LG