Достапни линкови

ДПА реши- нема да присуствува на инаугурацијата на Иванов


Мируше Хоџа и Азем Исмани се нови потпретседатели на ДПА, одлучи Централното собрание на партијата. За нов генерален секретар е избран Ернад Фејзулаху. Бројот на членовите на Централното претседателство е намален и наместо 40, сега ќе брои 30 членови. Партијата претрпе и промени во пониските ешалони. Најмногу структурни промени има во ограноците во Скопје и во Гостивар. ДПА уште еднаш потврди дека нема да присуствува на утрешната инаугурација на претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG