Достапни линкови

logo-print

Франција и Германија се за непотполно членство на Турција во ЕУ


Лидерите на Германија и на Франција, вчера, во пресрет на јунските избори за Европскиот парламент, ја објавија идејата за „неодредено“ проширување на ЕУ со нови земји како што е Турција. Германската канцеларка Ангела Меркел објасни дека заеднички став на членките на Унијата е на Турција да и се понуди привилегирано, но не потполно членство. Францускиот претседател Николас Саркози се согласи со Меркел и наведе дека Европа мора да има граници. Европа без граници би била Европа без волја, идентитет и вредности, рече Саркози на вчерашниот состанок што го организираше конзервативната Христијанско демократска унија на Ангела Меркел. Саркози ја истакна француската подршка на германското барање за постојано место во Советот за безбедност на ОН. Франција, како и Русија, САД, Кина и Велика Британија се членки на тоа тело.
XS
SM
MD
LG