Достапни линкови

Дилема во Исланд - дали да се влезе во ЕУ или не


Одлуката дали да започнат пристапните преговори за членство во ЕУ е во рацете на Парламентот, соопшти новата исландска влада. Коалициската влада е составена од министри од Социјалдемократската алијанса на премиерката Јохана Сигурдардотир и Левичарското зелено движење на министерот за финансии Стајнгримур Сигфусон. Во владината коалиција има несогласување околу евентуалното членство на земјата во ЕУ и прифаќањето на еврото за државна валута. Социјалдемократите го подржуваат членството во ЕУ, додека „Зелените“ се противат на тоа. Владата сепак наведува дека конечната одлука за членство во Унијата ќе ја донесат граѓаните на референдум. Светската економска криза речиси го уништи Исланд. Тамошниот банкарски систем пропадна кон крајот на минатата година, а Исланд, од ММФ и другите меѓународни организации доби помош од 10 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG