Достапни линкови

Саакашвили на средба со лидерите на опозицијата


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили денеска се среќава со лидерите на грузиската опозиција, со кои ќе разговара за разрешување на неколкумесечната политичка криза во земјата. Саакашвили се согласи да се сретне со опозиционерите, по судирите меѓу полицијата и опозициските демонстранти во главниот град Тбилиси. Илјадници луѓе во саботата им се придружија на демонстрантите во грузиската престолнина, кои бараат оставка од Саакашвили.
XS
SM
MD
LG