Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху во Египет


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска е во посета на Египет, каде што се обидува да оформи коалиција против Иран, а со египетскиот претседател Хосни Мубарак ќе разговара и за блискоисточниот мировен процес. Израелскиот премиер настојува да организира и посета на Јордан во текот на неделава. Тој се надева дека ќе ги промени приоритетите во регионот, фокусирајќи се на Иран како главна закана за стабилноста на Блискиот Исток. Египет и Јордан се единствените арапски земји кои имаат склучено мировни договори со Израел. Со оглед на тоа дека и тие две земји стравуваат од зголемувањето на влијанието на Иран во регионот, Нетанјаху се надева дека може да ги искористи за пренесување на своите идеи на умерените арапски држави, оценува агенцијата Асошиејтед Прес.
XS
SM
MD
LG