Достапни линкови

logo-print

Папата ја завршува блискоисточната турнеја


Папата Бенедикт 16-ти, со денешната посета на Израел и на Палестинските територии, ја завршува четиридневната блискоисточна турнеја. Папата вчера одржа миса на отворено, на стадион во јорданската престолнина Аман. На мисата, која се одржа на англиски јазик, присуствуваа 20.000 луѓе. Попладнето, во придружба на кралот Абдула Втори, Папата Бенедикт 16-ти го посети и местото на реката Јордан, каде што според верувањата е крстен Исус Христос.
XS
SM
MD
LG