Достапни линкови

САД остануваат посветени на договорот за повлекување од поголемите ирачки градови


Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси изјави дека Соединетите Држави остануваат посветени на договорот за повлекување на американските сили од поголемите ирачките градови од крајот на јуни. Пелоси која денеска допатува во ненајавена посета на Ирак, по средбата со ирачкиот премиер Нури ал Малики и ирачките парламентарци изјави дека поради намаленото воено присуство, ќе биде потребно засилено присуство на известувачките служби, како и силен политички агажман од страна на Соединетите Држави. Ирачкиот премиер пак истакна дека повлекувањето на американските трупи нема да се одрази врз безбедноста во земјата.
XS
SM
MD
LG