Достапни линкови

Путин – НАТО вежбите им штетат на руско-американските односи


Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека воените вежби на НАТО во Грузија ,,не се од помош“ на напорите за обновување на односите меѓу Москва и Соединетите Држави. Во интервју за јапонски медиум пред неговата посета на Токио, Путин вели дека вежбите на Алијансата се сигнал на поддршка за грузиските власти, кои водеа војна со Русија минатата година. Запрашан за напорите на Вашингтон за обновување на односите со Москва, рускиот премиер додава дека со НАТО вежбите, всушност се испраќа спротивен сигнал.
XS
SM
MD
LG