Достапни линкови

logo-print

Опозицијата во Грузија бара директни разговори со Саакашвили


Лидерите на опозицијата во Грузија побараа од претседателот Михаел Саакашвили да прифати директни разговори со нив во текот на денешниот ден, за да се избегне ескалација на судирите меѓу двете страни. Претседателот на Конзервативната партија Каха Кукава изјави дека избегнувањето на преговори од страна на власта, дополнително ќе ја влоши и онака тензичната ситуација. Грузиската опозиција веќе еден месец одржува протести, барајќи оставка од претседателот Саакашвили.
XS
SM
MD
LG