Достапни линкови

Пожар на гасоводот во Москва


Руските власти ја истражуваат причината за експлозијата и големиот пожар на гасоводот во Москва. Експлозијата која се случила рано изутрината предизвикала голем пожар, чиј пламен достигнувал висина од над 100 метри, а министерството на вонредни ситуации соопшти дека пожарот бил од највисока категорија поради што биле испратени повеќе противпожарни екипи. Градоначалникот на Москва Јуриј Лужков информираше дека пет лица биле повредени во пожарот. Според првичните сознанија најверојатно причината за инцидентот е од техничка природа.
XS
SM
MD
LG