Достапни линкови

Продолжува операцијата на пакистанската армија против талибанците


Пакистанската армија привремено го укина полицискиот час за да им овозможи на цивилите да ја напуштат северозападната долина Сват каде се водат интензивни битки меѓу безбедносните сили и талибанците. Армискиот портпарол Насир Кан изјави дека цивилното население има седум часа за да го напушти регинот, пред планираниот напад на војската врз талибански упоришта во четири области. Неколку илјади цивили досега ги напуштија своите домови и се сместени во бегалски кампови.
XS
SM
MD
LG