Достапни линкови

ЕУ ги поздрави преговорите меѓу опозицијата и власта во Грузија


И покрај вчерашните неуспешни разговори меѓу опозицијата и претставници на власта во Грузија, Европската Унија денеска го поздрави почетокот на преговорите. На вчерашните разговори не е постигнат напредок во решавањето на политичката криза во земјата, но според претставникот на ЕУ за Кавказот Питер Семнби ,,разговорите преставуваат значаен чекор“. Опозиционите лидери кои вчера се сретнаа со претседателот на Парламентот Давид Бакрадзе, денеска побараа директни разговори со претседателот Михаел Саакашвили. Опозицијата веќе еден месеци оддржува протести со барање оставка од претседателот Саакашвили кого го обвинуваат за недемократско владеење и неуспех по минато-годишната руско грузиска војна, по која Јужна Осетија и Абхазија прогласија независност.
XS
SM
MD
LG