Достапни линкови

Караманлис – Соседните лидери да се ослободат од национализмот


Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска изјави дека евроатлантската перспектива на Македонија се темели врз еден услов, а тоа е изнаоѓање на меѓусебно прифатливо решение на прашањето за името. Тој додаде дека тоа решение подразбира сложено име со географска одредница. Сега е моментот лидерите на соседната држава да се ослободат од национализмот и од неоснованите инсистирања. Историјата е пишувана со векови и таа не може да се менува или да се пишува повторно, изјави Караманлис зборувајќи во Солун пред Централниот Комитет на неговата партија Нова Демократија.
XS
SM
MD
LG