Достапни линкови

Пакистанската авијација ја продолжува операцијата во Долината Сват


Пакистанската авијација денеска нападнала позиции на талибанците во Долината Сват, во рамки на големата операција што армијата ја изведува во овој регион. Според најновите извештаи, судирите предизвикале дополнителен број цивили да ја напуштат областа, по масовниот егзодус во изминативе неколку дена. Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации предупреди на можност од хуманитарна криза и соопшти дека судирите би можеле да предизвикаат раселување на 500 илјади лица.
XS
SM
MD
LG