Достапни линкови

Во Македонија се одбелжува Денот на ЕУ


Денот на Европската унија, 9 Мај, во Македонија се одбележува со голем број активности. Меѓу другото, Европското движење на Македонија денеска организира Свечена академија на која на маестро Симон Трпчески ќе му биде доделена годишната награда за посебни заслуги за промовирање на Македонија и нејзината култура во Европа. Инаку, на овој ден во 1950 година Роберт Шуман го претстави предлогот за создавање обединета Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и поделен континент. Предлогот, познат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на Европската унија.
XS
SM
MD
LG