Достапни линкови

Осудениот хрватски пратеник Главаш пребегал во Босна


Поранешниот хрватски генерал и актуелен пратеник во Саборот, Бранимир Главаш, кој вчера беше осуден од страна на Жупаниски суд во Загреб на затвор од десет години, поради убиства на српски цивили во Осиек во 1991 и 1992 година побегнал во Босна и Херцеговина, јави вечера Хрватската радио телевизија. Главаш кој има боснаско државјанство синоќа бил виден во Томиславград. Тој се бранеше од слобода поради неговиот пратнички имунитет. Покрај, Главаш на затворски казни од пет до осум години Судот за истото дело осуди уште петмина негови соработници.
XS
SM
MD
LG