Достапни линкови

Американските војници скоро целосно повлечени од ирачките градови


Американскиот главен командант во Ирак генерал Реј Одеирно изјави дека американските војници се подготвуваат на повлекување од сите ирачки градови до крајот на јуни годинава што е во согласност со договорот меѓу двете земји. Тој прецизира дека американските сили веќе биле надвор од градовите, освен од Багдад и Мосул, каде што се уште имало сунитски милитанти и приврзаници на Ал Каида. Американските трупи би требало целосно да се повлечат од Ирак до крајот на две илјади и единаесетата година.
XS
SM
MD
LG