Достапни линкови

„Заглавени“ на патот кон ЕУ


Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере
Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере

Денеска е Ден на ЕУ. Земјите членки го прославуваат роденденот, а Македонија останува на „патот“ кон Унијата. Упатените и политичарите со поделени мислења во врска со напредокот на земјава кон ЕУ

Денеска е ден на Европската унија. Додека земјите членки го прославуваат роденденот на Унијата, Македонија и годинава го „доодува патот“ за влез во меѓународната организација. Упатените и политичарите со поделени мислења во врска со напредокот на земјава кон ЕУ.

Претседателот Бранко Црвенковски и Комесарот за проишрување на ЕУ Оли Рен
Дел од експертите посочуваат дека меѓу главните забелешки на Унијата во изминатиов период се однесуваат на дел од инвестициите и меѓуетничките односи, а се препорачува и избегнување на националистичките реторики како и реактивирање на преговорите со
Oва што се прави на внатрешен план, тенденцијата на натамошна поларизација со заедниците, културна, политичка, верска, не придонесува многу за мисијата на Република Македонија, и како држава, и како гео стратешка позиција за ЕУ и НАТО, а тоа е да произведува мир и стабилност и да биде модел каде што цивилизациите и културите соработуваат и комуницираат
Грција.

Потпретседателот на Евроартланскиот совет на Македонија Ризван Сулејмани вели дека властите треба сериозно да ги сфатат европските приговори.

„И по се изгледа, ова што се прави на внатрешен план, тенденцијата на натамошна поларизација со заедниците, културна, политичка, верска, не придонесува многу за мисијата на Република Македонија, и како држава, и како гео стратешка позиција за ЕУ и НАТО, а тоа е да произведува мир и стабилност и да биде модел каде што цивилизациите и културите соработуваат и комуницираат. Мислам дека на тоа поле ние во последно време одиме назад.“

Сулејмани додава дека Европската унија очекува Македонија да биде примерна држава:

„Надворешната политика на ЕУ и на Македонија треба да биде рефлекс на внатрешната политика. Таа не може да биде долготрајна ако нема формула да биде атрактивна држава за инвестиции, создавање на релаксирани односи и вработувања. Не може да биде по сите сондажи, да бидеме членка на НАТО за да може да најдеме вработувања. Сепак, ЕУ не е членка на солидарни држави кои решаваат социјални проблеми.“

Аналитичарот Махи Несини додава дека за членство во Унијата, потребно е исполнување на основните политички критериуми

Евро амбасадорот Ерван Фуере го поставува знамето на ЕУ на Водно
„Ние сеуште за жал со одредени постапки даваме до знаење дека не сме ги исполниле копенхашките критериуми, кои се основни, политички се.“

Политикологот Гордан Георгиев смета дека надлежните се слабо заинтересирани за забелешките од ЕУ
Дури и ако е слаба опозицијата, ќе дојде момент кога странците ќе кажат непријатни вистини за нашата ситуација


„Дури и ако е слаба опозицијата, ќе дојде момент кога странците ќе кажат непријатни вистини за нашата ситуација. После тоа нема да може власта да свое алиби, или повторно ќе се враќа на тоа алиби дека ние си ја тераме нашата приказна, дека мандатот ни е даден од народот, што е апсолутен нон сенс.“

Претседателката на советот за ЕУ Радмила Шекеринска смета дека Македонија не напредува во поглед на евроинтеграциите

„Мојот личен впечаток е дека трчаме во место. Постојано создаваме впечаток дека ни е битно членството во ЕУ, дека работиме многу, дека сакаме да покажеме резултати, ама како тоа да го правиме во место. Не правиме вистински чекори напред. Македонија денеска, во
Мојот личен впечаток е дека трчаме во место. Постојано создаваме впечаток дека ни е битно членството во ЕУ, дека работиме многу, дека сакаме да покажеме резултати, ама како тоа да го правиме во место. Не правиме вистински чекори напред.
формална и статусна смисла е таму каде што стигна во 2005, крајот на 2005. Не почнавме преговори со ЕУ, не добивме датум за преговори. Дури и ви други сфери, каде што бевме понапред, сега ја изгубивме предноста. Во меѓувреме, Црна Гора и Албанија аплицираа за членство. Србија се повеќе се наметнува како поголема држава, поважна држава во регионот. Трката е битна за нас, ама битно е и како сме ние во однос на сите други кои ја трчаат истата патека.“

Шекеринска додава дека спорот со името не е единствената пречка на патот кон Унијата.

„Камо да беше така. Сите ќе бевме поспокојни и Македонија ќе беше посилна во преговорите со Грција ако прашањето на името беше единственото отворено прашање на нашата европска маса. За жал, ние по прашањето на европските интеграции не дојдовме во ситуација, како што дојдовме во поглед на НАТО членството. Значи, во НАТО ни рекоа вака, во ред е, ние би ве примиле, ама заради проблемот со Грција не можеме. Во ЕУ пандан за тоа ќе беше позитивен извештај од Европската Комисија. Европската комисија да предложеше датум за преговори и Грција да ставеше вето. За жал, ние самите си ставивме вето, Грција не мораше да се мачи.“

Дел од експертите, пак, велат дека властите во земјава имаат слух за забелешките на ЕУ. Марија Ристевска од Центарот за истражување
За жал, ние по прашањето на европските интеграции не дојдовме во ситуација, како што дојдовме во поглед на НАТО членството.
и креирање политики вели дека народот ги држи политичарите одговорни за значајните прашања

Премиерот Никола Груевски
„Преку нашите политичари ние ги држиме одговорни европските политичари за прашањата значајни за македонските граѓани.“

Ристевска додава дека во македонската јавност се актуелизираат прашања кои се однесуваат на исполнување на критериумите за членство во унијата, но се` почесто изостануваат прашањата за кои е загрижен просечниот Македонец

„Доминираат овие прашања коишто се прашања со коишто се дисциплинира или се држи во некоја стега земјата која бара членство во Унијата. Но, од наша страна не се наметнуваат прашањата за коишто нашите граѓани се интересираат, како на пример, визната либерализација за коишто ние имаме исполнети критериуми, а кои треба да се решат од ЕУ, а решенијата од ЕУ доцнат.“

Властите проценуваат дека Македонија го нема забавено напредокот за влез во Европската унија. Официјалниот став на Владата е дека
Сметаме дека сега политичкиот мандат на Владата е зајакнат. Има големи очекувања дека силниот мандат мудро ќе се искористи.
активно се работи на реформите, и за сега единствена кочница за официјален старт на преговорите со Унијата е спорот со Грција.

Во врска со Македонско - грчкиот спор, портпаролкана на еврокомесарот Оли Рен, Кристина Наѓ, вели дека по спроведените фер избори, потребно е актуелната власт да го искористи своето влијание за решавање на спорот со Грција

„Сметаме дека сега политичкиот мандат на Владата е зајакнат. Има големи очекувања дека силниот мандат мудро ќе се искористи. Кога еврокомесарот Оли Рен се сретна со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и Претседателот Бранко Црвенковски, тој го охрабри рестартирањето на преговорите на вашата земја со Грција преку посредништво на Обединетите нации.“

Наѓ додава дека освен спорот со името, потребно е да се обрне внимание и на останатите критериуми кои се дефинирани пред една година.

Седиштето на Европската Комисија во Брисел
„Јасно е дека земјата има можност да се движи напред на патот кон Европската Унија. И во тој контекст, во врска со прашањето за визна либерализација, можеме да кажеме дека има напредок во исполнување на претходно поставените услови. Во моментов комисијата работи на проценување на тој напредок. Врз основа на проценките ќе видиме дали постои можност за препорака за овозможување на „безвизно“ патување“

Наѓ заклучува дека за почеток на преговори за членство потребно е успешно завршување на реформите и исполнување на останатите утврдени критериуми. Следниот извештај се очекува наесен.

Освен политичките препораки, од Брисел пристигаат и забелешки за економската ситуација во земјава, посебно за трошењето на народните пари во услови на криза. Европската комисија предвиде пад на вкупната економија за 0,3 отсто. Годинава БДП ќе биде во минус а во 2010 година ќе порасне за еден и пол процент. Комисијата е загрижена и за стапката на невработеност, која според прогнозите годинава ќе се искачи до 35 отсто а догодина ќе биде за еден процент поголема.Во услови на висок трговски дефицит, Европската Комисија прогнозира дополнителен пад на извозот, но и на увозот. Се предвидува ниска стапка на инфлација висок дефицит на тековната сметка кој би сочинувал 23,2 отсто од Брутодомашниот производ.
Министерот за Финансии Трајко Славески кој изминатава недела беше во Брисел, посочи дека Македонија веќе ги има земено предвид препораките на Комисијата за ова прашање.

„Всушност и она што го препорачува Европската Комисија ние веќе го имаме направено со кратење на приходите и расходите, односно приспособување на последиците од економската криза и со тоа придонес на фискалната политика, односно на владата кон одржување на макро економска стабилност.“

Во врска со изградбата на спомениците и црквата на плоштадот Македонија, Славески посочи дека станува збор за мал дел од вкупните инвестиции, додавајки дека предците не треба да се заборават дури ни во услови на криза

„Нивото на инвестициите и годинава, над 200 милиони евра се наменети за капитални инвестиции во областа на инфраструктурата и енергетиката.“

Инаку, Следниот извештај за напредокот на земјава кон Европа се очекува во септември. За напредокот на Македонија во поглед на визната либерализација и можната препорака за укинување на визите, европската комисија ќе одлучува во текот на месецов.
XS
SM
MD
LG