Достапни линкови

Спорот со ЕВН негативно ќе влијае врз странските инвестиции


Првостепаната пресуда за спорот ЕЛЕМ-ЕВН негативно ќе влијае врз имиџот на Македонија кај странските инвеститори и отвора неколку прашања, меѓу кои и за судскиот систем, смета амбасадорот на Германија во Скопје Улрике Кноц. Расправијата меѓу македонската Влада и ЕВН се набљудува подолго време од странство. Првостепената одлука отвори неколку прашања, меѓу кои и прашањето за судскиот систем воопшто. Мислам дека тоа е значајно за странските инвеститори кои добро ќе размислат и ќе се прашаат дали да инвестираат во земјата, изјави Кноц, одговорајќи на новинарско прашање на денешното годишно Собрание на Македонско-германското стопанско здружение. Претседателот на Здружението Николај Бекерс, пак, изрази надеж дека оваа расправа ќе се реши брзо, ефикасно и на општ интерес.
XS
SM
MD
LG