Достапни линкови

Русија сака подобрување на односите со НАТО



Рускиот претставник во НАТО, Дмитриј Рогозин изјави денеска дека Москва е подготвена за обновување на односите со Алијансата и покрај меѓусебното протерување дипломати неделава. Тој оцени дека е време да им се стави крај на тие приказни и да продолжи соработката. Според Рогозин, случајот со протерувањето руски дипломати од Брисел и и канадски од Москва, како и НАТО вежбите во Грузија, се дел од плановите за саботирање на односите меѓу Русија и НАТО.
XS
SM
MD
LG