Достапни линкови

Схефер во Македонија


Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер

Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер

Спорот за името останува единствена пречка за полноправно членство на Македонија во НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер по денешната средба во Скопје со македонскиот претседател во заминување Бранко Црвенковски.

,,За жал НАТО по ова прашање не игра никаква улога. Сакаме да го видиме решено што е можно поскоро бидејќи евроатланските интеграции се единствениот рецепт за овој регион, за негова долгорочна стабилност и безбедност, рече Шефер. Го повтори принципиелниот став на Алијансата дека нејзините врати остануваат отворени за прием на нови членки.
Шефер се заблагодари за соработката на Македонија со НАТО и за македонското учество во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Претседателот Црвенковски истакна дека и покрај разочарувањето од Самитот во Букурешт, интеграцијата во НАТО останува стратегиска определба на Македонија.
Подготвени сме во наредниот период да ги применуваме сите стандарди за полноправно членство, да остваруваме успешна соработка со Алијансата на највиско ниво, со други зборови Македонија ќе се однесува како да е рамноправна членка на НАТО, рече Црвенковски.
Шефер, кој наскоро ќе ја напушти функцијата генерален секретар на НАТО, прошталната посета на Македонија се сретна и со премиерот Никола Груевски, новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов и министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски.
Посетата на Скопје е единствена посета на земја партнер на
Во однос на Република Македонија во целиот период имаше позитивна реакција и поддршка во поглед на тоа што го правевме и во рамките на одбранбените реформи и пошироко. Тоа што останува како црна дамка којашто сепак не е поврзана со директните односи на Македонија со Схефер, туку со принципот на консензус
НАТО што е резултат на негиовите лични заложби како дел од прошталните посети пред неговото заминување од функцијата, соопшти македонското МНР. Помошникот н агенералниот секретар. Роберт Симонс, кој пред десетина дена ја посети Македонија рече дека и оваа најавена посета е израз на посветеноста на Алијансата Македонисја да стане нејзина членка како и и лична заложба на генералниот секретар на заминување. Претседателот на евроатланстскиот клуб на Македонија и поранешен министер за одбрана, Лазе Еленовски вели дека односот на Схефер кон Македонија бил во основа позитивен и поттикнувачки во однос на постигнувањето на евроатланстките аспирации.

,,Во однос на Република Македонија во целиот период имаше позитивна реакција и поддршка во поглед на тоа што го правевме и во рамките на одбранбените реформи и пошироко. Тоа што останува како црна дамка којашто сепак не е поврзана со директните односи на Македонија со Схефер, туку со принципот на консензус"

На истиот впечатокот и професорот Назми Малиќи.

,,Беше еден од големите пријатели на Македонија и посакуваше Македонија да стане членка на НАТО."

Согледувајќи ја кочницата Македонија да стане членка на Алијансата поради начинот на одлучување во Алијансата на принципот на консензус, Схефер неколкупати апелираше на флексибилност за да се надмине спорот за името со седна Грција. На тоа Еленовски гледа како на дел од обидите да се менаџираат сложените релации во рамките на Алијансата и нејзините членки.

,,Можеби останува, реков, некое незгодно чувство во Македонија бидејќи тоа се случи во неговиот мандат. Меѓутоа, мислам дека кој и да беше генерален секретар, не верувам дека нешто поинаку ќе се случеше, затоа што тој не може да одлучува. Од друга страна, постојано и како генерелан секретар, и како човек што доаѓа од меѓународна институција, а тоа го правеа сите институции, сугерираа да најдеме некое решение во поглед на името,"

вели Еленовски. Схефер ја посети Македони и непосредно по самитот во Букурешт со цел да го објасни ставот на НАТО кој остана непроменет, Македонија ги исполнува критериумите за членство, единсвената пречка е спорот за името и аплеришање за што побрзо изнаоѓање решение за овој спор. До крајот на својот мандат опстоја на ставот дека евроатланското интегрирање на сите земји од регионот е клучно за неговата стабилност.
XS
SM
MD
LG