Достапни линкови

Безбедноста во Куманово се подобрува


Куманово

Куманово

Иако во Куманово и во неговата поширока околина речиси секојдневно се случуваат кражби и сообраќајни незгоди кумановци сметаат дека сега се чувствуваат побезбедно. Со таква оценка е и кумановската полиција. Според полицијата за една седмица се регистрираат околу 40-ина кражби и повеќе од десетина сообраќајни незгоди, сепак во периодот од една година криминалот се намалил за 34 отсто, а бројот на сообраќајките за 29 отсто, вели Валентина Николовска началник на Одделението за аналитика на Секторот за внатрешни работи во Куманово.

,,Во април годинава од областа на криминалот имаме поднесено 179 кривични пријави, а во април минатата година 273. Во однос на сообраќајните незгоди бројот исто така е намален. Во април минатата година сме имале 92 сообраќајки, а во април годинава 65."

Вели Николовска.
По неодманешниот вооружен грабеж и повреда на вработен на една од обложувалниците во центарот на градот и тоа околу 22 часот,
Кумановци се безбедни. Немам забележано дека безбедноста е влошена. Мислам дека оди на подобро
кога фреквенцијата на луѓето е голема, кумановци беа незадоволни од полициската интервенција. За ова Николовска објаснува:

"Полицијата си ја работи својата тековна работа.Такви настани се инцидентни, не може да се претпостави што и каде ќе се случи, зашто во Куманово има поединци кои делуваат на таков начин."

Вели Николовска.
Кумановската јавност која често пати умее да ја критикува работата на полицијата овојпат главно со позитивни забелешки.

,,Кумановци се безбедни. Немам забележано дека безбедноста е влошена. Мислам дека оди на подобро."

,,Не забележувам промени. На исто ниво е."

И припадниците на албанскиот етникум велат дека се безбедни.

,,Задоволни сме од полицијата. Се чувствуваме безбедни, само треба подеднакво да биде за сите, а тие знаат за што."

Некои пак кумановци сметаат дека:

,,Донекаде се чувствувам безбедно. Има подобрување и тоа во сообраќајот. Се забележува сообраќајната полиција по улиците, а порано ја немаше."

Велат кумановци кои генерално не се загрижени ниту за личната,имотната и за општата безбедност.Главно или барем јавно веруваат во полицијата која деноноќно е задолжена за нивната безбедност.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG