Достапни линкови

Колумбиските власти го протерале Агим Чеку


Колумбиските власти денеска го протераа поранешниот косовски премиер Агим Чеку, за кој српските власти имаат објавено потерница преку Интерпол заради воени злосторства во Косово за време на судирите во 1999 година. Колумбиските безбедносни власти соопштија дека неможеле да применат мерки за приведување на странски државјанин за дела направени пред 2005-та година. Чеку допатувал во Колумбија на трети мај, каде требал да учествува на меѓународен семинар за разоружување.
XS
SM
MD
LG