Достапни линкови

logo-print

Протести во авганистанската провинција Фарах


Неколку стотици авганистанци од провинцијата Фарах протестирале поради загинувањето на повеќе цивили во воздушните напади извршени од американските сили во Авганистан. Сведоци и официјални преставници изјавија дека полицијата пукала во воздух за да ја смири разгневената толпа. Четири лица во нередите биле повредени. Американските и авганистанските претставници започнаа истрага во врска со инцидентот, кога околу 100-тина лица, повеќето цивили загинаа во акција на американската авијација спроведена на почетокот од неделава во Фарах.
XS
SM
MD
LG