Достапни линкови

ЕУ со партнерство кон Исток


Еврокомесарот Хавиер Солана денеска во Прага

Еврокомесарот Хавиер Солана денеска во Прага

Европската унија покренува програма со цел градење поблиски политички и економски врски со шест поранешни советски републики. Москва ја критикуваше оваа иницијатива што почнува денеска во Прага.

Во нацрт декларацијата што треба да биде усвоена на состанокот во Прага се наведува дека шестте држави: Украина, Грузија, Азербејџан, Ерменија, Молдавија и Белорусија треба да го прилагодат нивното законодавство со она на Европската унија по што тие евентуално ќе можат да уживаат во слободната трговија и во безвизниот режим со блокот. Германија и неколку други западни членки се противат на ветувањето за безвизен режим поради страхување од преливање на криминалот. Јужните членки на Унијата пак, се противат на нудењето слободен пазар, страхувајќи од евтините источни земјоделски производи. Шефот на чешката дипломатија во
Експертите не очекуваат од прашкиот самит да донесе големи промени за индивидуалниот пристап кон партнерските земји.
заминување Карел Шварценберг изјави дека подолго време во рамките на унијата се расправа за оваа иницијатива:

,,Имаше интензивна дебата за Источното партнерство и секако многу различни погледи. Како и да е постигнавме согласност и тоа е значаен напредок и победа не само за земјите за кои се однесува иницијативата, туку и за самата Европска унија.,,

Во прашката декларацијата, меѓу другото, се наведува и дека на секои две години би се одржувале самити на Источното партнерство кое, според Брисел, му дава мултилатерална димензија на Европската соседска политика што беше покрената пред шест години и со која се поттикнува билатерална соработка меѓу Унијата и нејзините соседи. Сепак, аналитичарите, не очекуваат од прашкиот самит да донесе големи промени за индивидуалниот пристап кон партнерските земји. Напредувањето на секоја од шестте држави опфтени во оваа програма и натаму ќе се оценува посебно. Таканареченото Источно партнерство вклучува и финансиски дел од околу осумстотини милиони долари што Унијата предвидува да ги потроши во наредниве четири месеци во поддршката на демократијата, на владеењето на правото, на економската интеграција и на енергетската безбедност на овие шест држави. Официјална Москва ја критикуваше оваа европска иницијатива со оценка дека тоа е обид на Унијата да создаде сфера на влијание околу Русија. Кремљ смета дека Источното партнерство е уште еден инструмент на Европската унија за да го постигне тоа. Брисел ги отфрла ваквите тврдења и наведува дека европските земји би требало слободно да избираат со кој би сакале да работат. Впрочем, како што се додава, повеќе од елементите на Источното партнерство веќе се вклучени и во разговорите за стратегиско партнерство меѓу Русија и Европската унија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG