Достапни линкови

Државни субвенции за стопанството?


Знакот на владата на Македонија
Знакот на владата на Македонија

Стопанствениците предложија нови мерки за поддршка на фирмите погодени од светската криза. Тие предлагаат субвенции за работниците. Владата нуди можност за кредитирање преку Македонската банка за поддршка на развојот

Стопанствениците предложија нови мерки за подршка на фирмите кои се најпогодени од светската економска криза, дел од кои е и предлог за субвенционирање на работниците со по 30 евра. Владата, од друга страна, ја понуди можноста за кредитирање на
Јас сметам дека овие гранки, носители на развојот, тие се извозно ориентирани треба да се пронајдат. Одговорот на владата беше дека мерките не се завршени, мислам дека и субвенциите се дел кои помагаат на овие гранки
стопанствениците преку Македонската банка за подршка на развојот која е во државна сопственост. Економистите сметаат дека и субвенционирањето и кредитирањето се поволни во вакви услови.

Професорот Петрит Положани смета дека субвенционирањето е потребно за стимулирање на економската активност, што е пракса и во поразвиените земји.

„Јас сметам дека овие гранки, носители на развојот, тие се извозно ориентирани треба да се пронајдат. Одговорот на владата беше дека мерките не се завршени, мислам дека и субвенциите се дел кои помагаат на овие гранки.“

Положани смета дека и покрај ограничувачките фактори, Владата мора да најде начин за стимулирање на компаниите кои се погодени од кризата

„Ние имаме лимитирачки фактори од финансиска страна, но владата мора да најде мерки и да помага, ова го прават сите држави.“

Меѓу најпогодените од кризата во земјава се текстилните работници, вработените во кожарската индустрија и
Ние имаме лимитирачки фактори од финансиска страна, но владата мора да најде мерки и да помага, ова го прават сите држави
металопроизводителитње. Тие побараа субвенции како и ослободување од одредени такси. Пеце Ристевски од Сојузот на синдикатите вели дека евентуалните субвенции би им помогнале на компаниите да ги задржат вработените.

„Некои земји членки на ЕУ и од блиското опкружување го воведоа. Само таму не се 30 евра, туку од 60 до 120 евра по работник, за субвенционирање на трошоците на плата кога би се намалило работното време, се со цел да се задржат работните места.“

Ристевски додава дека субвенционирањето би било подобро од кредитирањето:

„Сеуште кредитите кај нас се скапи, затоа што македонската банка за поддршка на развојот, обезбедените средства од европската банка за развој ги пласира преку комерцијалните банки, па трошоците се повисоки.“

Инаку во изминатиов период кредитите за компаниите поскапеа, не овозмужувајки им на приватосопствениците полесен пристап до кредитни линии за нови инвестиции. Раководителите на компаниите забележуваат дека каматите на кредитите се премногу високи а одобрувањето е построго. Од друга страна, Владата ги скрати расходите од Буџетот и за сега не ја исклучува можноста за нов аранжман со Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG