Достапни линкови

logo-print

Засилен притисок за решавање на спорот за името


Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ во изјава го предупреди премиерот дека задоцнување на интеграцијата во НАТО може да предизвика несигурност кај граѓаните. Експертите оценуваат, дека притисокот за решавање на спорот е зголемен, а политичките комбинации отворени

Се засилува притисокот во владејачката коалиција за решавање на спорот за името и зачленување на Македонија во НАТО, коментираат дел од аналитичарите. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во вчерашната изјава за телевизијата Алсат, го предупреди премиерот Никола Груевски дека секое задоцнување во процесот на интеграција на земјата во НАТО, може да предизвика несигурност кај граѓаните.

Политикологот Емил Атанасовски вели дека тоа е прагматична реакција на Ахмети, зашто ДУИ најмногу изгуби на изборите поради закочувањето на евроинтеграциите. Атанасовски вели дека се уште е рано да се коментираат шпекулациите дека тоа е знак оти Ахмети
Не би говорел околу некакви комбинации дали ова е вовед во некакво можно растурање на коалицијата и создавање нова. Но, дефинитивно е многу силен притисок во правец на поместување за прашањето на името и ќе видиме како ќе реагира сега поголемиот партнер во коалицијата. Но, дефинитивно е значаен политички момент, што излегува и самиот Ахмети
кокетира со опозицијата.

„Не би говорел околу некакви комбинации дали ова е вовед во некакво можно растурање на коалицијата и создавање нова. Но, дефинитивно е многу силен притисок во правец на поместување за прашањето на името и ќе видиме како ќе реагира сега поголемиот партнер во коалицијата. Но, дефинитивно е значаен политички момент, што излегува и самиот Ахмети.“

Од друга страна, професор Мерсел Биљали вели дека реакцијата на Ахмети е предизвикана од притисокот од јавноста и пред се од членовите и симпатизери на ДУИ. Биљали не ја исклучува можноста од нови политички прегрупирања.

„Во политиката нема вечно пријателство, има вечни интереси. Со оглед на политиката што се води од страна на премиерот, мислам дека е политика која ја води без знаење.“

По завршувањето на изборите, и новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов зачестено почна да зборува за постигнување разумен компромис кој нема да оди на штета на државните интереси. Дел од луѓето што беа вклучени во претседателската кампања на Иванов, изминатиов месец посочуваат дека прашањето за меѓународно име на државата може да се реши, но дека нема да се прифати менување на јазикот, нацијата или културата.
Професор Мерсел Биљали вели дека тоа е стратегија со која премиерот го жртвува Иванов за да се амнестира од одговорност за решавање на спорот:

„Тој сака да се претвори во фигура која последна ќе се согласи со нешто, за да ја неутрализира одговорноста за себе и рејтингот.“

Атанасовски, пак, посочува дека и досегашните претседатели носеле најголема одговорност околу решавањето на спорот.

„Во овој случај владата ги презема конците во свои раце. Дефинивно претседателот ќе биде клучна фигура во преговорите за името, па во зависност од успехот или неуспехот што ќе го добиеме во крајна инстанца, така ќе биде и неговиот рејтинг.“

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG