Достапни линкови

Заедно против Ал Каида


Претседателите на САД, Пакистан и Авганистан во Вашингтон
Претседателите на САД, Пакистан и Авганистан во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави, Пакистан и Авганистан се обединети заеднички да ја поразат Ал Каида и да го спречат дејствувањето на терористичката мрежа.

Говорејќи за време на состанокот со претседателите на Авганистан и на Пакистан Хамид Карзаи и Асиф Али Зардари во Вашингтон, Обама оцени дека двајцата лидери целосно ја сфаќаат сериозноста на заканата од Ал Каида:

,,Секој ден сме сведоци на иднината што Ал Каида и нејзините сојузници ја нудат. Тоа е иднина исполнета со насилство и безнадежност. Тоа ниту го сакаат народите на Пакситан и на Авганистан, ниту пак го заслужуваат.,,
Секретарот за одбрана на САД Роберт Гејтс во Авганистан

Обама додаде дека Соединетите држави ги поддржуваат демократски избраните суверени влади на двете земји. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс кој е во посета на маринците во Авганистан изјави дека Соединетите држави немаат намера да испратат копнени сили во Пакистан и покрај се позачестните судири меѓу пакистанските војници и талибанските милитанти.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG