Достапни линкови

САД, Пакистан и Авганистан заедно во борбата против тероризмот


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите Држави, Авганистан и Пакистан се обединети и подготвени да работат заедно против Ал Каеда и за превенција на терористичките групи кои оперираат во авганистанско- пакистанскиот регион. Обама, во говорот во Белата Куќа по средбата со авганистанскиот и со пакистанскиот претседател Хамид Карзаи и Асиф Али Зардари, изјави дека двајцата лидери целосно ја разбираат сериозноста на заканата од Ал Каеда.

XS
SM
MD
LG