Достапни линкови

Се утврдува дали свинскиот грип бил причина за смртта на пациентка на Косово


Косовските здравствени власти соопштија дека пациентката која во текот на ноќта почина во болница во Приштина, најверојатно не починала од новиот вирус на свински грип. Две од извршените анализи во Приштина биле негативни, а третата анализа која треба да го даде одговорот ќе биде извршена надвор од Косово. Претходно беше соопштено дека пациентката била примена во болницата со проблеми во срцето и болки во белите дробови, карактеристични симптоми на новиот вирус. Здравствените институции на Косово по овој случај ги засилија мерките.
XS
SM
MD
LG