Достапни линкови

Лавров ја критикува програмата „Источно Партнерство“


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека со програмата Источно Партнерство, меѓу Европската Унија и шест поранешни Советски земји се создаваат ,,нови линии на поделба“ во Европа. Некои посакуваат земјите од ова партнерство да избираат меѓу Русија и Европската Унија, рече Лавров. На самитот што утре ќе започне во Прага, ЕУ ќе ја престави програмата Источно Партнерство која предвидува подлабока соработка со Ерменија, Белорусија, Грузија, Молдавија, Азербејџан и Украина.
XS
SM
MD
LG