Достапни линкови

Едно лице починало на Косово со симптоми на свински грип?


Девојка од Косово, која имала сиптоми на вирусот на свински грип починала во текот на ноќта во Приштина, соопштија косовските здравствени власти. Таа синоќа била примена во Здравствениот центар во Приштина, со проблеми на дишните патишта и силен грип, што се главни симптоми на новиот вирус. Косовски здравствени претставници информираа дека се врши анализа, за да се утврди дали причината за смртта е свинскиот грип. Во моментов според податоците на Светската Здравствена Организација во 22 земји во светот има повеќе од 1 500-тини потврдени случаи од новиот вирус.
XS
SM
MD
LG