Достапни линкови

logo-print

НАТО изрази жалење за одлуката на Русија да протера дипломати


НАТО денеска изрази жалење поради одлуката на Русија да протера двајца канадски дипломати. Генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Схефер оцени дека одлуката на Русија е контрапродуктивна во момент кога се вложуваат напори за подобрување на односите меѓу двете страни. Русија денеска соопшти дека ќе ги протера дипломатите како одговорот на потегот на НАТО за протерување на двајца руски дипломатски претставници, поради шпионска афера.
XS
SM
MD
LG