Достапни линкови

Чешкиот премиер повика на усвојување на Лисабонскиот Договор


Чешкиот премиер Мирек Тополанек го повика Сенатот, без разлика на ,,резервите“ да го усвои Лисабонскиот договор, бидејќи како што рече, во спротивно Чешка ќе западне на периферијата од Европа и во рацете на Русија. Во обраќањето на почетокот од расправата Тополанек истакна дека отфрлањето на Лисабонскиот договор ќе значи поделба на Европа. Доколку Договорот биде усвоен од Сенатот, неговата судбина зависи од евро-скептичниот чешки претседател Вацлав Клаус кој мора да го потпише.
XS
SM
MD
LG