Достапни линкови

logo-print

Русија и Запад, глобална реалполитика


Состанок на претседателот на Русија Медведев со рускиот пратеник во НАТО Рогозин

Состанок на претседателот на Русија Медведев со рускиот пратеник во НАТО Рогозин

Патот до обновување на односите меѓу Русија и Запад е нерамен. Денеска НАТО почнува тринеделни воени вежби во Грузија кои Москва ги оцени како провокација.

До овој чекор дојде само една недела откако Русија и НАТО ги обновија контаките по сезоната на изолација што следеше по ланската августовска војна меѓу Русија и Грузија. Треба да се види дали руската одлука, како и вчерашното востание во една грузиска воена база зад кое наводно стоела Москва, ќе има замрзнувачки ефект за маневрите кои се дел од НАТО програмата Партнерство за мир

,,Ова е вежба што беше планирана многу порано, дури и пред кризата меѓу Русија и Грузија. НАТО беше многу транспарентен со Русија, бидејќи таа е наш партнер.,,

Изјави за нашето Радио Кармен Ромеро, заменик портпарол на Алијансата. Како и да е, по тензиите што останаа по војната во август, Москва објави дека вежбите претставуваат потенцијална дестабилизирачка провокација.

,,НАТО вежбите во Грузија, без оглед што нашите западни партнери сакаат да не убедат во спротивното, се провокација.,,

Изјави деновиве рускиот претседател Дмитри Медведев. Но, вежбите се само една од пречките на патот. Во минатата недела, под сомневање дека вршеле шпионска дејност беа протерани двајца членови на руската делегација во Брисел што за Москва беше
Во односите меѓу Москва и Запад секогаш се работело за исцртување на сферите на интерес. Затоа Москва се противи на проширувањето на НАТО со земји во кои се уште има некакво влијание.
...
уште една провокација. Дополнителен удар претставуваа и договорите меѓу Русија и отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија со кои руските војници ја преземаат безбедноста на нивните граници.

,,Сметаме дека овој чекор ќе биде многу проблематичен. Посебно во врска со заложбите од планот од шест точки и со преговорите во Женева за изнаоѓање решение на конфликтите.,,

Изјави пратеникот на Европската унија во Јужен Кавказ Питер Семнеби. Сето ова доаѓа само на неколку недели откако претседателите на Соединетите држави и на Русија Обама и Медведв во Лондон се согласија на разговори за намалување на стратегиското нуклеарно оружје. Ендрју Вилсон од лондонскиот центар за Европска политика смета дека во односите меѓу Москва и Запад секогаш се работело за исцртување на сферите на интерес. Затоа, според него, Москва се противи на проширувањето на НАТО со земји во кои се уште има влијание.

,,Стратегијата на Вашингтон изгледа се повеќе е фокусирана врз глобалната реалполитика со Русија, со јасна импликација дека работите во источното соседство треба да бидат грижа на Европската унија. Во еден таков недостиг на внимание секогаш постои опасност Русија да поентира.,,

Вели Вилсон кој сепак смета дека најновите недоразбирања нема многу да влијаат врз обновувањето на односите меѓу Русија и Запад.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG