Достапни линкови

АРМ на вежба на НАТО во Грузија


Специјалната единица на АРМ
Специјалната единица на АРМ
Со четири штабни офицери и еден вод од триесетина војници од втората механизаирана пешадиска бригада, АРМ ќе учествува на двете вежби кои овој месец ќе ги одржи НАТО во Грузија. Денеска започнува штабната вежба која ќе продолжи во жива вежба во чие
Македонија и на оваа вежба што се одржува во Грузија како држава ја потврдува својата определба и политички курс дека и понатаму останува максимално посветена во остварувањето на својата стратегиска цел – станување полноправна членка на НАТО
едногодишно планирање Македонија исто така учествуваше. Од Македонската армија рекоа дека поканата за секоја вежба ја сметаат за многу важна како доказ дека армијата ја постигнала интероперабилноста и стандардите на НАТО. Експертите велат дека со учеството и во оваа вежба Македонија само ги исполнува обврските од партнерството со НАТО и го потврдува континуитетот на напортите за постигнување на својата цел- да стане членка на Алијасата.

„Македонија и на оваа вежба што се одржува во Грузија како држава ја потврдува својата определба и политички курс дека и понатаму останува максимално посветена во остварувањето на својата стратегиска цел – станување полноправна членка на НАТО,“

вели професорот Стојан Кузев. Барањата за учество во случни активности од страна на Алијансата се стандардизирани и во согласност со веќе изградената стратегија за соработка меѓу Македонија и НАТО, објаснува професорот Назми Малиќи.

„Тие стандарди што се нудат во НАТО во делот на соработката и обврските што треба да го добиваме не се големи и не се очекува да се зголемуваат, затоа што таа стратегија е веќе изградена, како треба да оди соработката НАТО – Македонија.“
Тие стандарди што се нудат во НАТО во делот на соработката и обврските што треба да го добиваме не се големи и не се очекува да се зголемуваат

вели Малиќи.Учеството во вежбата во Грузија, според тоа, додава Малиќи не е дел ниту најавува дека Алијансата ќе ги зголемува барањата кон Македонија и е во согкласност со долгорочно проектираните капацитети до каде може да го даде својот придонес.

Во секој случај како што додава секоја ваква активност на македонската армија е инвестиција во довербата која Макеонија ја гради кај Алијансата иако како што нагласува професорот Стојан Кузев тие не значат зголемен оптимизам за постигнување на целта – зошто не влијаат на административната и билатерална пречка со јужниот сосед која единсвено го кочи членството на Македонија во Алијансата.
XS
SM
MD
LG