Достапни линкови

60 години од формирањето на Советот на Европа


Зградата на Советот на Европа
Зградата на Советот на Европа
Европа слави 60 години од формирањето на Советот на Европа. Советот треба да и помогне не Македонија да напредува , па затоа и упатува препораки, ја советува, наложува законски промени се со цел создавање на единствена Европа во чии основи лежат демократијата, слободата и заштитата на човековите права. Но, дел од експертите велат дека останува дилемата колку вистински
Организација која е положена на еден од телемите на организацијата е концептот на правата, се доведувате во ситуација да се трпат одредени компромиси, што не е прифатливо во теоријата на човековите права, така што тука би бил повеќе или помалку резервиран и околу нашата позиција во контекст на почитување на човековите права, но и во однос на тоа што Советот го нуди на тоа поле
постапува оваа организација согласно своите принципи.

„Организација која е положена на еден од телемите на организацијата е концептот на правата, се доведувате во ситуација да се трпат одредени компромиси, што не е прифатливо во теоријата на човековите права, така што тука би бил повеќе или помалку резервиран и околу нашата позиција во контекст на почитување на човековите права, но и во однос на тоа што Советот го нуди на тоа поле.“

вели Ѕвонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Советот на Европа

Македонија е полноправен член на Советот на Европа и мора да ги почитува конвенциите кои ги носи Советот, и да ги почитува препораките за носење на закони, вели пратеникот Андреј Жерновски кој е член на Делегација на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа:

„Мораме да ги почитуваме конвенциите што се носат, затоа што и самите кога се повикуваме на правата на малцинствата се повикуваме токму на тие конвенции, така што не може да се повикуваме на нешто што самите не го почитуваме,“

вели Жерновски и додава дека бил сведок кога во собранието се носеле закони кои се во спротивност од препораките на Советот. Но и покрај тоа вели Жерновски, Македонија спаѓа мегу земјите кои добро ги исполнува стандардите и заслужува да биде затворен процесот на постмониторинг фаза. За потоа Македонија да влезе во групата на земји во кои функционира демократијата. Македонија има обврска да го усогласи законодавството со правото на Европската Унија. Годинава треба да усогласи уште сто закони, а догодина уште 67.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG