Достапни линкови

logo-print

Нема екстерно тестирање за матурантите


Матурантите во Македонија оваа година нема да бидат екстерно тестирани. Во проектот со кој се оценува објективноста на наставниците ќе бидат опфатени учениците до трета година, соопшти Министерството за образование и наука. Со ваквата одлука се стави крај на протестот на матурантите, кои бараа укинување на тестирањето, затоа што им претходи полагање на државна матура. За сите ученици за кои ќе важи екстерната проверка, тестирањето по одреден предмет ќе се реализира од 1-ви до 10-ти јуни.
XS
SM
MD
LG