Достапни линкови

logo-print

Почнува вежбата на НАТО во Грузија


Во Грузија од денеска до 1-ви јуни ќе се одвиваат воените вежби на НАТО, на кои ќе учествуваат 1.300 војници од 19 земји. Вежбите имаат за цел унапредување на координираноста меѓу членките на Алијансата и нејзините партнерски држави. Македонската армија ќе учествува на две вежби во Грузија, со четири штабни офицери и со еден вод од триесетина војници од втората механизирана пешадиска бригада на АРМ.
XS
SM
MD
LG