Достапни линкови

Пречистителната станица во Куманово бара помош од државата


Куманово
Куманово
Функционирањето на пречиситителната станица на отпадни води лоцирана во кумановското село Доброшане се соочува со финансиски проблеми. Од ЈП „Водовод“ бараат помош од државата за да не запре работата на овој значаен капитален објект,за чие нормално
Сервисирањето и одржувањето на објектот,електрична енергија и неопходните хемикалии за пречистување на отпадните води бараат финансиска поткрепа. Во периодот од 15 месеци функционирањето на објектот со полн капацитет создава дополнителен товар на „Водовод“.
функционирање месечно се потребни околу еден милион денари. За сега тие средства ги обезбедуваат „Водовод“ и локалната самоуправа,што е дополнително оптоварување на нивната каса. Пречистителната станица низ своите филтри ги испушта пречистените фекалии и други отпадни води кои потоа завршуваат во реките Пчиња и Вардар. Објектот е вреден десет милиони евра, поголемиот дел донирани од швајцарската влада. Доколку државата не помогне може да се случи негово пропаѓање,вели Виктор Божиновски директор на „Водовод“.

,,Сервисирањето и одржувањето на објектот,електрична енергија и неопходните хемикалии за пречистување на отпадните води бараат финансиска поткрепа. Во периодот од 15 месеци функционирањето на објектот со полн капацитет создава дополнителен товар на „Водовод“. За да не дојдеме во ситуација да престане да работи објектот,"

вели Божиновски.

Тој додава дека средствата се барани од Министерството за животна средина и тоа во повеќе наврати.

,,Затоа што е најголем еколошки проект во Македонија. Министерот се појави еднаш, му ги презентиравме проблемите, а од тогаш нема никаков повратен ефект. Сметаме дека може да се помогне со набавка на хемикалии,а тука државата треба да интервенира."
Затоа што е најголем еколошки проект во Македонија. Министерот се појави еднаш, му ги презентиравме проблемите, а од тогаш нема никаков повратен ефект.


смета Божиновски.

Пречистителната станица се градеше околу пет години поради времени застои поради имотно правни спорови со дел од локалното население, кое не дозволуваше вклопување на главниот колектор низ нивните имоти. Проблемот е надминат,а објектот е во функција од јануари минатата година.

Изградбата на пречистителните станици во Македонија е еден од предусловите кои државата треба да ги исполни за задоволување на стандардите за отпадни води што се барани од Европската унија.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG