Достапни линкови

Потребен ли е новинарски синдикат?


Група млади новинари произлезени од МИМ кои работат во македонските медиуми согласни дека е потребно синдикално организирање. Поискусните пак велат, прашање е дали синдикатот ќе биде про форма или ќе функционира

,Мислам на нас младите ни е потребен синдикат, пред се, да ни ги штити нашите права, бидејќи како почетници во оваа работа треба да имаме место каде што ќе се обратиме."

,,Јас сметам дека не само што треба, туку никогаш не им требало и повеќе од сега,"

велат Марија Митевска и Сашка Цветковска од А2.

,,На македонските новинари како и на сите други работници во Македонија им е потребно синдикално здружување, затоа што како и сите и тие се среќаваат со проблеми како и другите работници. Меѓутоа, малку е специфично што новинарите во нивната професија се среќаваат и со дополнителни ризици, со дополнителни притисоци, како од страна на сопствениците на медиумите каде што работат, така и од надвор,"

рече Ивица Антевски од неделникот Сега.

,,Ако прашате било кој новинар којшто зема десет илјади денари плата и не е пријавен, секако дека ќе потпише дека треба да има синдикат. Меѓутоа, според мене има редица причини зошто јас не сум убеден дека воопшто може да функционира новинарски синдикат. Како прво, новинарите не можат самите да го реализираат тоа, затоа што тие се мравки. Треба тоа да го организира, да се вклучат во тоа уредниците. Тие пак многу добро се врзани со газдите, земаат огромни плати и немаат никаков интерес да организираат синдикално движење,"

објаснува Жарко Настовски од Алфа Телевизија.

,,На новинарството му е потребно синдикално движење, од чиста причина што мора да се заштити објективноста на новинарството, затоа што многу станува субјективно,"

вели Зорана Гаџовска од А1 телевизија.

Од иницијативниот одбор при ЗНМ велат дека првин треба да се направат неопходните реформи во здружението, а дури потоа во следна фаза би се одело кон синдикално здружување.

,,Која ќе биде целта на синдикатот и во кој синдикат тие ќе се здружат, и дали тој синдикат е само про форма или ќе работи нешто. Сведоци сме дека и синдикатите се разединети, дека работниците се незадоволни, нивните работнички права не се остваруваат преку синдикатот. Во ваква консталација како што е сега синдикатот не сум многу оптимист дека може,"

вели Снежана Лупевска член на одборот.

Во Македонија постојат две здруженија на новинари и синдикатот ГИФИХ во кои новинарите можат да си остваран некои права.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG