Достапни линкови

logo-print

Бунтот во воената база во Грузија завршен


Грузија соопшти дека бунтот во воената база во близина на главниот град Тбилиси е завршен. Грузискиот претседател Михаел Саакашвили изјави дека тој лично преговарал со предводниците на бунтот, и додаде дека сепак станува збор за ,,изолиран случај.“ Грузиското министерство за внатрешни работи соопшти дека неколку лица организатори на бунтот се приведени. Претседателот Саакашвили додаде дека бил планиран бунт од големи размери, односно воен удар против властите во Тбилиси, за што ја обвини Русија. Барам од нашиот северен сосед да се воздржи од секаков вид провокација. Ваков вид на провокации нема да успеат во Грузија, рече Саакашвили. Русија ги отфрли обвинувањата на Грузија. До денешниот инцидент доаѓа пред утрешната вежба на НАТО што ќе се оддржи во околината на Тбилиси, а на која се противи Москва.
XS
SM
MD
LG