Достапни линкови

Рогозин - НАТО не е подготвен за нормализирање на односите со Русија


Амбасадорот на Русија во НАТО Дмитриј Рогозин ја обвини Алијансата дека не е подготвена за нормализирање на односите со Русија. Со протерувањето на двајцата руски дипломати и ,,неадекватни дејствија“ во смисла на спроведување на вежбата во Грузија, морам да констатирам дека НАТО не е подготвен за обновување на односите со Русија, изјави Рогозин. Денеска е соопштено дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да присуствува на состанокот НАТО-Русија, планиран за 19-ти мај.
XS
SM
MD
LG