Достапни линкови

СЗО – Според најновите податоци 1490 случаи на свински грип


Светската здравствена организација соопшти денеска дека вкупниот број на заболени од вирусот на свински грип се искачил на 1 490. Најголем дел од новите случаи се регистирани во Мексико. Имено, здравствените мексикански власти денеска соопштија дека бројот на заболени се зголемил за нови 64 случаи, односно сега во земјата има вкупно 840 заразени. Сепак, министерот за здравство на Мексико Хозе Кордова оцени дека најтешкиот период од епидемијата на вирусот поминал.
XS
SM
MD
LG