Достапни линкови

Американски конгресмени со поддршка за Македонија


Петнаесет американски конгресмени, предводени од конгресменот Бил Паскрел и Марк Саудер испратиле писмо до американскиот државен секретар Хилари Клинтон во кое бараат да се постигне „брзо и праведно решавање“ на грчко-македонскиот спор за името. „Соединетите Држави мора да продолжат да ги охрабруваат нашите пријатели Грција и Македонија да седнат заедно и да постигнат договор за заедничка патека кон мир, стабилност и партнерство за развојот на јужниот Балкан“, пишуваат конгресмените во писмото до Клинтон. Тие исто така наведуваат дека Македонија е еден од најверните партнери на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG